Рита Ора во бањарка го водеше доделувањето на Ем-ти-ви наградите

Вчеравечер во Лондон се одржаа 24. Европски музички награди MTV EMA 2017. Овој настан на едно место ги собра најпопуларните имиња од музичкиот шоу-бизнис.

Домаќинка на настанот беше поп-пејачката Рита Ора, за која се коментираше од една до друга крајност: од нејзиниот за многумина бизарен изглед на црвениот килим каде, што се појави во бањарка, до тоа како перфектно одговорила на предизвикот да се биде водител на шоу од ваков калибар.

Иако Тејлор Свифт беше номинирана во најмногу (шест) категории, сепак, ѕвезда на вечерта беше младиот канадски пејач Шон Мендес кој освои четири од петте категории во кои беше номиниран (изведувач со најголем број фанови, најдобра песна за „There’s Nothing Holding Me Back”, најдобар пејач и најдобра канадска изведба).

Меѓу наградените беа и: Еминем за најдобар хип-хоп изведувач, Дуа Липаза откритие на годината, Ед Ширан за најдобар изведувач во живо, Камила Кабело за најдобар поп изведувач.

Scroll to Top