Рита Ора водител на Ем-ти-ви Јуроп наградите

Поп-пејачката Рита Ора ќе биде водител на годинешните Ем-ти-ви Јуроп награди што ќе се одржат на 12 ноември во Лондон.

„Многу сум возбудена што ќе бидам домаќин на Ем-ти-ви наградите во мојот роден град“, рече Ора.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на „Вембли арената“, а првпат во Лондон по 1996 година. Организаторите засега не ги откриваат имињата на музичките ѕвезди кои ќе дојдат во Лондон.

Scroll to Top