Ривалство меѓу Кејт и Меган нè постои, така било и со Фергусон и Дајана

Поранешната сопруга на принцот Ендрју, Сара Фергусон, вели дека не е можно да се контролираат сите коментари кои се објавени ѝ дека луѓето сѝ дозволуваат сешто да зборуваат кога станува збор за вештачкото ривалство меѓу двете војводки, Кејт Мидлтон и Меган Маркл.

Фергусон која порано беше членка на британското кралско семејство, вели дека чувствува должност да ја одбрани Меган од приказната дека е во конфликт со Кејт Мидлтон, нешто за што се зборува во последните неколку месеци.

Неодамнешната расправија меѓу Кејт и Меган секојдневно сè зборува во медиумите, а Сара Фергусон вели дека ѝ самата таа се нашла во идентична ситуација пред триесетина години, пренесува „Хафингтон пост“.

Мајката на принцезите Евгенија и Битрис, напишала отворен писмо за магазинот Helou, како дел од кампањата против злоставувањата на интернетот и социјалните мрежи.

„Присутна сум на Твитер и Инстаграм и благодарна сум што имам дозвола на тој начин да комуницирам со остатокот од светот и луѓето кои се заинтересирани за моите хуманитарни организации. Сепак, ретко ја преминувам границата ѝ ги читам злобните коментари на социјалните мрежи или во таблоидите. Но, тоа не значи дека ги нема. Свесна сум дека има многу луѓе кои имаат нешто убаво да напишат, а тука се ѝ оние на кои им е дозволено да пишуваат и да го промовираат својот говор на омраза“, напишала 59 годишната Британка.

„Жените постојано се обидуват да се скараат, да ги споредуваат, а тоа ме потсетува на моментите со Дајана и мене кога нас две не прикажуваа како сопернички, нешто што ниту една од нас не го чувствуваше така. Луѓето се чувствуваат слободни да напишат на интернет нешто што во живо никогаш не би се случило, а тоа ги поттикнува другите да им се придружат“, напишала Ферги.

 

Фергусон и Дајана биле блиски и пред да се омажат за кралските синови Ендрју и Чарлс, а додека двете биле во брак, често поминувале заедно ѝ сè дружеле.

„Палатата отсекогаш внимавала на коментарите и на тоа што сè пишува на нивната страна. Постои можност за цензура на одредени пцовки и невкусни зборови, но некои работи едноставно не можат да сè контролираат. Неретко фановите стапуваат во конфликти, поради што доаѓа до критични ситуации, па одредени коментари мораат да се бришат“, напишала Фергусон.

Scroll to Top