Актерката Риси Витерспун доби „Оскар“ за „Одејќи по линијата“ (Walk the Line), но таа вели дека токму нејзината улога во „Дивa“ (Wild) e онаа што најмногу ја сменила како актерка.
Витерспун во разговор за писанието „Интервју“ рече дека била премногу исплашена да ја преземе улогата во филмот од 2014 година. Тој е заснован на мемоарите на Шерил Стрејд, со наслов „Дивa: Изгубена и пронајдена на патеката на пацифичкиот гребен“.
„Бев хипнотизирана и многу исплашена. Имав напади на паника три недели пред да почнам со снимањето. Дел од тоа беше аспектот на голотијата, сексуалноста и употребата на дрога, но исто така и – да се биде сама пред камера, без други актери“, откри Витерспун, која е главна улога и продуцентка на филмот.
Приказната е за патувањето на Стрејд кон самоспознавањето, при што таа пешачела сама во пустина.
„Никогаш не сум била сама на снимање со денови и денови. Веројатно имаше 25 дена од снимањето во кои немав друг актер покрај мене. Бевме само јас, камерата и ранецот“, раскажува Витерспун.
Според неа, филмот во основа ја прикажува моќта на жената и како секоја е способна да се чува и грижи самата за себе.