Роберт де Ниро на 79 години стана татко по седми пат

Американскиот актер Роберт де Ниро стана татко по седми пат, пренесува британскиот весник „Индипендет“.

Во интервју за ET Canada објавено денес, 79-годишниот актер зборувал за родителството додека го најавувал својот нов филм, а кога новинарот истакнал дека знаел дека Де Ниро има шест деца, актерот го поправил: „Седум, всушност. Само што доби бебе“, изјавил Де Ниро за време на интервјуто.

Медиумскиот претставник на Де Ниро подоцна го потврдил написот на канадските медиуми дека актерот станал татко по седми пат, но не се знае која е мајката на новороденчето.

Де Ниро и неговата прва сопруга, американската актерка Дајан Абот, со која беше во брак до 1988 година, ги имаат ќерката Дрина (51) и синот Рафаел (46). Тој во 1995 година ги имаше близнаците, 27-годишните Џулијана и Арон, со неговата тогашна девојка, моделот Туки Смит. Де Ниро има и син Елиот (25) и ќерка Хелен Грејс (11) со поранешната сопруга Грејс Хајтауер.

Scroll to Top