Роберт Патинсон раскина со девојката

Актерот Роберт Патинсон и неговата девојка, моделот и актерка Суки Вотерхаус, раскинаа по два месеца врска, пишува „Дејли мејл“. Врската ја открија во јавноста уште на самиот почеток, а Патинсон неколкупати рече дека поминал прекрасни и многу забавни моменти со Суки.

32-годишниот глумец пред Вотерхаус беше во врска со колешката од серијалот „Самрак“, актерката Кристен Стјуарт. Потоа беше свршен со пејачката Еф-кеј-еј Твигс, но врската ја прекинаа лани во октомври, неколку месеци пред закажаната свадба.

Суки, пак, претходно имаше врска со рок-музичарот Мајлс Кеин и актерот Бредли Купер.

 

Scroll to Top