Роберто Кавали на 82 години по шести пат стана татко

Италијанскиот моден дизајнер Роберто Кавали (82) повторно стана татко.  Со 45 години помладата шведска манекенка Сандра Нилсон доби син и ова е шесто дете.
„Кавали и Нилсон се во врска од 2014 година. Синот доби име Џорџо, по таткото на Кавали. Во разговор за италијанската „Novella“, дизајнерот изјавил дека Сандра се чувствува добро по породувањето.„Детето, кое се роди пред една недела во Фиренца, е здраво и прекрасно и ме преплавија емоции кога го видов“, изјавил Кавали. „Му го дадовме името Џорџо, по мојот татко, кој нацистите го убија за време на масакрот во Кавриља, кога имав само 4 години“, додал тој.

Италијанскиот моден креатор има 2 деца – Томасo и Кристијана, од првиот брак со Силванела Џанони, со која беше од 1964 до 1974 година. Од другиот брак со Ева Марија Дурингер ги има децата Роберт, Ракеле и Даниел, а сега го доби и шестото дете со 37-годишната поранешна шведска манекенка и Плејбој зајачица од 2008 година.

Scroll to Top