Роби Вилијамс по втор пат ја запроси сопругата

Британската музичка ѕвезда Роби Вилијамс по втор пат ја запросил својата сопруга, актерката Ајда Филд. Пејачот ја запросил Ајда на прославата на нејзиниот 40 роденден.

Роби ја изненадил со песната Angels. Во еден момент прекинал со пеењето и ја прашал дали сака повторно да се омажи за него. Двојката се запознале во јули 2006 година, а пејачот тогаш изјавил дека никогаш не верувал дека ќе се ожени повторно, се додека не ја запознал Ајда.

„Таа е прекрасна личност и јас сум повторно заљубен“, изјавил Вилијамс.

Роби за прв пат ја запросил Ајда во 2009 година, за време на едно радио интервју. Подоцна тврдел дека се шегува и дека не се верени. Истата година за Божиќ сепак се венчале, а по осум месеци се венчале на „Беверли Хилс“, пренесува „Метро“.

Двајцата имаат три деца, синот Чарли, ќерката Теодора и осумесечниот Коко, кој минатата година го добиле преку сурогат мајка. Вилијамс често говори дека неговата сопруга му го спасила животот. Како што вели, таа е неговата сродна душа која му помогнала да се излечи од зависонста, од алкохолот и дрогите.

Пред да се венчааат во 2010 година, биле во врска четири години, со повремени прекини. Фиелд по последната разделба, актерката Камеро Дијаз била таа која повторно ги смирила.

 

View this post on Instagram

 

@robbiewilliams …the answer is yes ❤️#besthusbandever #birthdaylove #rydaforever AWxx

A post shared by Ayda Field Williams (@aydafieldwilliams) on

„Се скаравме и си кажавме дека конечно ќе се разделиме. Тој замина во хтотел и таму ја сретна Камерон Дијаз. Зборувалаа и таа му кажа да ме побара повторно.

„Очигледно ја сакаш својата девојка. Мораш да ја вратиш“, му кажала Дијаз на Вилијамс.

Пејачот повторно ја побарал Ајда и од тогаш повторно се заедно.

 

Scroll to Top