Роби Вилијамс потрошил милиони за автомобили, а нема возачка дозвола

By

Пејачот Роби Вилијамс потрошил милиони долари на автомобили, но сеуште нема возачка дозвола, пишуваат светските медиуми. Тој вели дека немал интерес да положи за возачка, затоа што секогаш си имал некој кој го возел.

dobivaj vesti na viber

Пејачот вели дека во младоста бил импресиониран од возилата кои ги имал неговиот колега Елтон Џон. Британскиот музичар покрај пеењето бил познат и по неговиот луксузен возен парк.

„Проблем со мене беше што во младоста бев воодушевен од возилата во неговата гаража. Тој имаше „Ферари“, „Астон Мартин“ и уште неколку луксузни автомобили. Тогаш бев многу млад и страшо бев импресиониран. Истиот ден тогаш нарачав пет за мене“, изјавил Вилијамс.

Пејачот призна дека подоцна сватил дека згрешил и дека не му биле потребни возилата.

Ќе ви се допадне