Британскиот музичар Роби Вилијамс (47) откри дека кога бил на врвот на популарноста, непознат човек ангажирал платен убиец за да го убие. Тој го раскажа ова во интервју за „Мирор“, каде што првпат зборуваше за темната страна на популарноста.
„Никогаш не сум го кажал ова, но платен убиец ми стоеше над глава. Никогаш порано не сум зборувал за ова во јавноста. За среќа, го решив проблемот. Имам некои пријатели и тие реагираа, па го снема. Ова се работи за кои не се зборува јавно, и никој не ги знае, а ти се случуваат кога ќе станеш многу познат“, рекол Роби.
Роби (47) вели дека во животот на големите ѕвезди најтешко е да се справат со славата.
„Во еден миг од мојот живот бев неверојатно познат. Познат, во стилот на Мајкл Џексон. Станав популарен на 17 години. На 16 бев во бој-бенд, а кога имав 21, започнав соло кариера. Продадов 80 милиони албуми, го држев рекордот по број на продадени билети за еден ден за турнеја“, додал Роби.
Но, тој вели дека ѕвездите мора да се помират со фактот дека кога се познати им се одзема приватноста. Ако не сакаат да живеат таков живот, каде што секогаш ќе бидат во центарот на вниманието, тогаш, подобро и да не пробуваат да градат светска кариера, рекол.
„Сакам да одам на нормални места каде што не можам да одам затоа што луѓето сакаат да ме убијат. Потребно е некое време за да се помириш со тоа. Јас, на пример, имам анксиозност и не сакам да запознавам туѓинци, ама непознати луѓе сакаат да ме запознаат мене и јас сум засрамен поради тоа. Тоа е тоа што всушност ме прави вознемирен“, рекол Роби во интервјуто.