Робокап повторно се враќа на филмското платно. Иако се чинеше дека претходната преработка ја уништи франшизата, сепак доаѓа уште еден филм од серијалите. Но, за разлика од претходните идеи за воскресение, изгледа дека сега филмашите своите очи ги имаат насочено кон продолжението на оригиналниот филм.
Very excited about this https://t.co/0R38DzSXp5
— Neill Blomkamp (@NeillBlomkamp) July 11, 2018
Ед, Неумеиер и Михаел Минер, оригиналните сценаристи го напишале продолжението кое никој не го снимил досега. Според овој ткст, Џастин Рходес (човекот кој го пишува сценариото и за новиот „Терминатор“) ќе го напише сценариото, ќе се снима новиот филм на режисерот Нил Бломкамп.
„Постојат еден куп филмови за Робокап. Неодамна е снимена преработка, но мислам дека би било добро да се вратиме со стариот Робокап, кој сите го сакаме и да почнеме од почеток. Така ова ќе биде продолжение на првиот филм, уште од она „олд скул“ доживување“, изјавил Ед Нојмејер.
Во светските кино сали, филмот заработил севкупно околу 184 милиони долари, а со подоцнежното изнајмување сепак станало јасно дека филмот не е неуспешен, дури и кога би се одбиле 100 милиони долари трошоци за снимањето на филмот. Но, главниот проблем е тоа што луѓето очекувале да биде како преостанатите во франшизата, исклучително насилен.
А тоа не го добиле, како што не се обработени ниту главните теми на Робокап, како влијанието на медиумите, корупцијата, идентитетот и критиките на капитализмот. Новите режисери зад себе имаат веќе неколку филмови, во секој од нив се опфатени сите овие теми, па и тоа како се очекува продолжението на Робокап ќе биде и повеќе од добро.
Како што стареев, дел од филмот кој најмногу остави влијание на мене е оној за идентитетот и потрагата по него. Додека ја има човечката компонента, добрата приказна може да пројде. Она што е кул во филмот е она што е важно за добрите вестерн, научно-фантастични филмови и драми. Човечкиот елемент е исклучително важен за приказната која се зборува“, изјавил режисерот.