Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер дал 13,5 милиони долари за да се изгради 81 училиште во Африка. За неговата хуманитарна работа се знае малку, но неодамна светските медиуми открија дека дел од парите што ги заработува, популарниот тенисер ги дава за образование за децата во Африка. Училиштата се изградени во некои од најсиромашните села на континентот, во различни држави.
За потсетување, тенисерот со години е вклучен во хуманитарни активности, а пред неколку години беше и амбасадор на УНИЦЕФ.