Родителите на Авичи ќе го наследат неговото богатство

Шведскиот диџеј Авичи, кој се самоуби оваа пролет, не оставил тестамент, па целото богатство од 25,5 милиони долари ќе ја наследат неговите родители, пишува „Контакт мјузик“. Бидејќи не бил женет и нема други блиски роднини, неговиот татко Клас Берлинг и мајка му Анки Лиден, ќе ги добијат неговите пари. Популарниот диџеј има двајца браќа и една сестра, но тие не се наследници на парите.

Авичи се самоуби на 20 април на 28-годишна возраст. Тој се повлече од сцената во 2016 година заради здравствени причини – страдаше од акутен панкреатит, делумно предизвикан од злоупотреба на алкохол. Во 2014 година на познатиот ди-џеј со операција му беа отстранети жолчката и слепото црево.

Scroll to Top