Родителите на Меган Маркл снимаат филм, во кој откриваат нови детали за животот на војвотката од Сасекс

Заладените односи на војвотката од Сасекс со нејзината полусестра и полубрат е главна тема откако таа се омажи за принцот Хари.

Семејството на Меган Маркл моментално снима документарен филм за австралискиот Канал 7, а се работи за нејзиниот живот. Таткото Томас Маркл (78), полусестрата Саманта Грант (58) и полубратот Томас Маркл Џуниор (56) откриваат некои детали за Меган.

Во трејлерот, полубратот и полусестрата на Меган имаат негативни коментари за неа.

„Таа сепак ќе беше келнерка да не беше тато“, рекла Саманта, а Маркл помладиот додал: „Не заминуваме. Ова ќе промени се“.

Саманта претходно открила дека Томас Маркл не сакал да го гледа документарниот филм за Хари и Меган затоа што е фокусиран на своето здравје, а не на срамниот проект на неговата ќерка и зет кои не ги запознал.

Во февруари, Саманта достави документи до судот во кои бара принцот Хари и Меган да одговорат на серија прашања во судницата и сака да докаже дека Меган дала серија лажни и злонамерни изјави за време на интервјуто што го направил парот во март 2021 година со Опра Винфри. Таа сакала Меган да признае дека лажела за нивната врска и растење за подобро да му ја продаде на светот приказната.

Scroll to Top