Роднина на кралицата Елизабета обвинет е за силување 11- годишно момче

Лордот Маунтбатен е обвинет за злоупотреба на 11-годишно момче во дом за деца, 43 години по неговата смрт. Артур Смит тврди дека во 1977 година, кога имал 11 години, Маунтбатен двапати го злоставувал во озлогласениот детски дом Кинкора во Северна Ирска.

Лордот Маунтбатен, вујко на принцот Филип и братучед на кралот Џорџ VI, татко на кралицата Елизабета Втора, беше убиен две години подоцна кога ИРА постави бомба на неговата јахта. Државната истрага пред пет години откри дека во Кинкора биле малтретирани најмалку 39 момчиња.

Смит, кој сега има 56 години, тврди дека прво бил сексуално злоставуван од домашниот работник Вилијам Мекграт, познат како Ѕверот од Кинкора. Тој наведува дека тогаш, во август 1977 година, г-дин Мекграт го запознал со елегантен непознат човек кој двапати го малтретирал.

„Мекграт ми кажа дека ќе се сретнам со посебен пријател. Потоа ме одведе во соба, голема канцеларија со огромно биро. Не го кажа името на човекот. Прво ме натера да се истуширам”, раскажал Смит, пренесува Дејли Меил. 

Жртвата рече дека сфатила кој е неговиот насилник дури во 1979 година, откако неговите фотографии беа објавени во весниците поради напад на ИРА.

“Не можеш да заборавиш кој те малтретирал. Се обидуваш да го заборавиш, но не можеш. Не сум зборувал за тоа со години. Бев засрамен од она што се случи, но сега сакам мир”, рекол Смит.

Портпаролот на Бакингемската палата одби да го коментира случајот.

Scroll to Top