„Ролинг стоунс“ слават 56 роденден

By

Пред 56 години на 13 јули „Ролинг стоунс“ го имаа својот прв настап, па денешниот ден бендот го слави како свој роденден. Тие и по повеќе од пет ипол децении се едни од најпопуларните рокенрол бендови во светот, а ја создадоа изреката „секс, дрога и рокенрол.“ 74-годишните Мик Џегер и Кит Ричардс се членови на бендот од самиот почеток. Пред 43 години им се придружија Чарли Вотс и Рони Вуд.

„Ролинг стоунс“ го држат рекордот за најголем рок-концерт во историјата, одржан на плажата Копакабана во Рио во 2006. година, а на концертот присуствувале дури 1,5 милиони луѓе. Неодамна Мик Џегер изјавил: „Ќе дојде време кога повеќе нема да сакаме да го работиме ова. Но, сега не размислувам за тоа. Не сме за во пензија“.

Во овие 56 години „Ролинг стоунс“ имаат издадено преку 120 синглови, имаат 30 студиски албуми, 23 албуми во живо и 25 компилации. Само од концерти заработиле преку 750 милиони.

Ќе ви се допадне