Роман Абрамович со јахтата летува во Хрватска

By

Рускиот тајкун Роман Абрамович пристигна во Хрватска со својата луксузна јахта „Еклипса“. Јахрата вредна 340 милиони евра има капацитет за 62 гости и 70 члена на екипажот. Има базени, сауни, киносали, фризерски салон, градинка, ресторани, клубови, дури и болница.

На неа се наоѓаат два хеликоптера, подморница, ракетни радари, спасувачка опрема и неколку други системи за безбедност.

„Еклипса“ е долга 163 метри, тежи 13.000 тони, широка е 21 метар, а за годишно одржување Абрамович троши до 30 милиони евра.

По пристигнувањето во Хрватска, Абрамович го дополнил резервоарот со 750.000 литри гориво, што го чинело околу 1 милион евра.

Ќе ви се допадне