Роман Абрамович во врска со 30 години помлада Украинка

Рускиот милијардер Роман Абрамович е во врска со 30 години помладата Украинка Александра Корендјук. Двајцата веќе некое време се гледаат, а медиумите пренесоа дека Корендјук имала и украински корени.

Таа има музичко образование, а во јавноста е позната кога се појави во руското шоу „Сите ме лутите“. Нивната врска наводно почнала уште од ноември минатата година, четири месеци пред да се случи конфликтот во Украина.

Прва што напиша за нивната врска е руската новинарка Божена Ринска, која исто така прва откри дека Абрамович ќе се ожени со Даша Жукова, со која милијардерот беше во брак во периодот од 2008 до 2018 година. За потсетување, Абрамович зад себе има три брака и седум деца.

 

Scroll to Top