Романтична исповед на Жерар Пике

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, и колумбиската пејачка Шакира се во врска веќе седум години. Пике и Шакира ги демантираа шпекулациите дека раскинале и потврдуваат дека се заедно и уживаат со своите два сина Милан и Саша.

Во едно скорешно интервју фудбалерот ја раскажа приказната за тоа како се запознал со Шакира.

„Шакира ја видов првпат во Мадрид кога се снимаше спотот за песната Waka Waka за Светското првенство во фудбал во 2010 година. Ѝ побарав број за да ѝ се јавам и оттогаш ништо во мојот живот не е исто. Таа во Јужноафриканската Република стигна неколку дена пред нас за да ја испее химната на отворањето на првенството, а јас ѝ испратив порака: ‘Какво е времето?’ Кога ќе поставиш такво глупаво прашање, обично добиваш и таков одговор, ама таа ми испрати цел текст со детаљни информации за температурата, промените во текот на денот. Си помислив: ‘Боже, ова не е нормално’,“ рекол Пике во интервјуто.

Тој додал дека начинот на кој ја напишала пораката му откриле дека и тој ѝ се допаѓа.

Почнавме да се допишуваме, а единствената шанса кога можев да ја видам беше на финалето бидејќи требаше да настапи и на затворањето на првенството. Ѝ испратив порака дека ќе играме во финалето само за да ја видам, а остатоток е историја“, раскажал Пике.

 

 

Scroll to Top