Роналдо делеше автограми и ги мина лекарските прегледи

Кристијано Роналдо синоќа пристигна во Торино, а денес ги мина лекарските прегледи во својот нов клуб, Јувентус.
Португалецот  ќе го потпише договорот во текот на денот, а потоа „старата дама“ ќе го претстави своето најскапо
засилување во историјата.

Трансферот на 33-годишниот Роналдо во Јувентус е „тежок“ 112 милиони евра, 100 милиони од оваа сума одат кај Реал.

Португалецот по девет години го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Јувентус ќе биде четвртиот клуб во неговата кариера, по Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Scroll to Top