Роналдо до Модриќ – моите трофеи не можат да се украдат

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо упати порака до неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Лука Модриќ дека тоа што ја освоил Златната топка е чиста среќа и ништо повеќе од тоа.
Со оваа неговата констатација се согласуваат голем број на фудбалски фанови кои сметаат дека капитенот на „коцкастите“ само се нашол на вистинското место во вистинско време. Модриќ ја добил Златната топка затоа што на фудбалскиот свет му здосади десетгодишната доминација на Роналдо и Меси пишуваат фудбалските коментатори.
По тој повод и новото засилување на Јувентус, Роналдо на социјалните мрежи објави фотографија од неговиот музеј каде се сместени сите негови трофеи. На фотографијата тој напишал дека ова богатство не може да го украде и да му го земе никој затоа што има аларм, алулирајќи на тоа дека никој не може да му ги украде заслужено освоените трофеи.

 

View this post on Instagram

 

Estes troféus ninguém rouba 👀 tem alarme

A post shared by Museu CR7 (@museucr7funchal) on

Роналдо наградата за најдобар играч на годината ја освои пет пати. Последната во 2017 година. Во кариерата освоил вкупно 20 индивидуални награди. Со Манчестер Јунајтед три пати ја освои Премиер лигата и по еднаш ФА Купот, и Лигата на шампионите. Потоа направи трансфер во Реал Мадрид, каде зема два трофеи од „Ла лига“ и два од Купот. Со „кралскиот клуб“ се закити четири пати во Лига на шампиони и трипати во светскиот Куп. Оваа сезона по девет години минати во Реал Мадрид, премина во Јувентус. Со репрезентацијата најголемиот успех го оствари со освојувањето на титулата на Европски шампион во Франција во 2016 година.
Роналдо одби да дојде на доделувањето на Златната топка, затоа што знаел дека нема да победи. Неговиот агент Јорге Мендес за доделувањето на „Златната Топка“ на Модриќ само кратко прокоментира: „Ова е едноставно смешно“. Со него се согласува и португалскиот селектор Фернандо Сантос.
„Модриќ е голем играч затоа и затоа при самото гласање го ставив на второ место. Но, најдобар фудбалер во минатата сезона несомнено е Кристијано Роналдо. Постигна 50 голови. Се чини дека сето тоа кое вредело претходно, сега не вреди“, изјавил Сантос, а пренесува Марка.
Scroll to Top