Роналдо пресреќен, тој е првиот фудбалер кој стана милијардер

Најголемата фудбалска ѕвезда и играч на Јувентус, Португалецот Кристијано Роналдо, стана првиот фудбалер во историјата, кој во кариерата успеал да заработи милијарда долари.

Фудбалскиот ас е трет спортист на кој му успеало да се запише на списокот на милијардери. Пред него, тоа им успеа на Американецот Тајгер Вудс и Флојд Мејведер.

Роналдо, само во 2019 година, заработил 105 милиони долари од фудбалот и маркетингот, што го довело на четвртото место на листата на „Форбс“, за богатите меѓу познатите личности.

Интересно е тоа што Роналдо, од договорите со клубовите во кои претходно играше, Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и сега Јувентус, заработил во кариерата 650 милиони долари, додека остатокот од парите ги добил со зарботка од маркетинг.

 

Scroll to Top