Роналдо сè уште не е подготвен за венчавка, па во документите во Саудиска Арабија ја завел Георгина како негова робинка

Партнерката на Кристијано Роналдо и новата реална ѕвезда Георгина Родригез, веќе со години е во центарот на внимание поради врската со еден од најдобрите фудбалери на светот. Но, од неодамна во јавноста беа објавени детали за нивниот нарушен однос.

Бившиот играч на Реал Мадрид, годинава направи трансфер во арапскиот клуб Ал Наср. Строгите закони во Саудиска Арабија не дозволуваат невенчани парови да живеат заедно, па фудбалерот затоа што сè уште не е подготвен за венчавка, во документите ја запишал Георгина како негова робинка.

На „Твитер“ почна да се објавува нејзината виза која е напишана на арапско писмо. Има такви кои објаснуваат дека во визата е заведена дека е во сопственост на Роналдо, затоа што жените во Саудиска Арабија не можат да бидат независни.

Други пак сметаат дека таквото толкување не е во согласност со тамошните закони и дека Герогина не е робинка, туку десна рака на Роналдо, пишува шпанска „Марка“. Засега не е потврдена аветентичноста на документот, а коментар досега нема ни од властите во Саудиска Арабија.

Георгина земјата од Блискиот исток ја опиша како рај на земјата, а за односот со Роналдо рече дека им е совршен. Сепак во последно време во јавноста се шпекулира за голема напнатост меѓу нив двајцата. Извори за медиумите пренесоа дека Роналдо и се налутил затоа што повеќе се грижи за себе отколку семејството.

Scroll to Top