Светската ѕвезда Ријана завчера наполни 30 години. Таа роденденот најпрвин го прослави скромно, на вечера со семејството и неколку најблиски пријатели.
Но, вчеравечер таа направи голема журка, со многу шампањско и дијаманти, во нејзин стил. На забавата Ријана беше облечена во креација од Ив Сен Лорен.
На журката на Ријана се пиеше розов шампањ од винарската визба на Џеј Зи, а гостите беа послужени со црна роденденска торта. Ријана објави неколку фотографии од роденденот на својот инстаграм-профил, а меѓу гостите, наводно, биле и Леонардо ди Каприо и Парис Хилтон.
„Ви благодарам што ми ја направивте вечерта посебна. Моите омилени“, напиша Ријана покрај фотографиите.