Руското Министерство за надворешни работи им забрани влез во земјата на стотина Канаѓани , како одговор на санкциите што Канада ги воведе кон Русија. Меѓу нив се актерот Џим Кери, писателката Маргарет Атвуд, авторката на романот „The Handmaid’s Tale“, Ејми Најт, истакната историчарка која ја проучува историјата на КГБ.
На списокот е и премиерката на Алберта, Даниел Смит, како и некои новинари од канадската државна радио и телевизија CBC.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека им се забранува влез на Канаѓаните кои се вмешани во „обликувањето на агресивно антирускиот курс“ на Канада.
Исто така се наведува дека голем број од лицата на кои им е забранет влез во Русија се поврзани со украински организации.