Поранешната Мис на Русија, Софија Никитчук е уапсена на рускиот аеродром Внуково поради сомнение дека шверцувала луксузна стока.
Како што соопшти Федералната царинска служба (ФЦС), младата жена долетала за Внуково од Ница преку Истанбул, бидејќи нема директни летови поради санкциите, а поминала низ „зелениот коридор“ на аеродромот.
На царина пронашле златен часовник Patek Philippe, два прстени и ланче Картие. Според манекенката, таа не поднела изјава бидејќи сметала дека овие работи се личен багаж.
„Проверката покажа дека накитот е оригинален“, истакнаа цариниците.
Руската федерална царинска служба извести дека Никичук е осомничена за шверц на стратешки важна стока и за избегнување царински давачки.
Доколку биде прогласена за виновна, ѝ се заканува затворска казна до пет години.