Руска танчерка го остави Џони Деп

Руската танчерка Полин Глен го оставила глумецот Џони Деп плашејќи се да не ја доживее истата судбина како и неговата поранешна партнерка Амбер Херд, пишуваат светските медиуми. Деп и Херд во изминатиот период минаа низ тежок развод. И двајцата пред судот доставија докази дека врз нив било извршено семејно насилство.

Глен од Лос Анџелес, каде што живеела со Деп, се вратила во родниот град Сант Петерсбург, пишува „Дејли мејл“. Двајцата се запознале во 2017 година, во време кога глумецот го финализирал разводот со Херд.

Поранешната партнерка го обвини Деп дека физички ја злоупотребувал, ја тепал, ја влечел за коса и со тупаници ја удирал кога ќе се напиел повеќе од вообичаено.

„Цела ноќ пишее и се дрогираше. Наутро кога ќе се разбудев ќе почнеше да ме малтретира. Тој ден ме удираше повеќе пати. Ме маваше со шишиња. Се плашев за мојот живот“, кажала Херд пред судот.

Херд и Деп се развеле по година дена брак и пет години врска. Американската актерка побарала развод во мај 2016 година, а потоа добила и судска заштита од Деп. Како причина за разводот, таа го навела моментот кога Деп го фрлил мобилниот телефон директно во неа.

За време на бракоразводната постапка, Глен се преселила во домот на Деп во Лос Анџелес. Двајцата планирале и да се венчаат, но Глен вели дека се исплашила од медимското внимание кое Деп го насочил кон себе и затоа побегнала од него.

 

 

 

Scroll to Top