Руски слаткари направија чоколадна скулпура со ликот на Меси

Слаткари од Москова изработија чоколадна скулптура во природна големина со ликот на аргентинскиот фудбалер Лионел Меси. На идејата дошле откако дознале дека фудбалерот ќе го прослави 31. роденден на 24 јуни, додека трае Мундијалот. Пет слаткари цела недела работеле на скулптурата тешка 60 килограми.

„Случајно дознавме дека роденденот на Меси е на 24 јуни и одлучивме да направиме чоколадна склптура од него“, рекла слаткарката Дарија Малкина за руските медиуми.

Таа открила дека стапиле во контакт со колегите на Меси од аргентинската репрезентација и се договориле околу предавањето на подарокот.

„На Лионел Меси ќе му го дадеме Лионел Меси“, рекла таа.

Scroll to Top