Руслана: За мене Путин не постои, тој не е човек

Евровизиската победничка од пред 18 години, пејачката Руслана од Украина за „Дневник Нова ТВ“, зборуваше за нејзината земја и руската инвазија која ја направи Владимир Путин. Таа рече дека не можела да се врати дома и дека сега се наоѓа на безбедно место.

„Сакам да ги поздравам сите браќа и сестри. Се сеќавам на мојот настап во вашата прекрасна земја. Ми недостига. Мислам дека нашата култура и традиција се многу блиски“, рече Руслана која победи со песната Wild Dances „Див танц“ во 2004 година.

„Тоа што не можам да се вратам дома ми паѓа многу тешко. Многу е проблематично во Мариполе. Градот е целосно уништен. Невозможно е да се евакуираат луѓето. Во моментов не постои зелен коридор“, рече Руслана и додаде дека нема залихи на вода и храна.

„Веќе 20 дена луѓето немаат ни храна ни вода ни струја. Секој ден губиме по стотици луѓе“, рече Руслана која беше и пратеничка во украинскиот парламент, а во 2013 година, „Форбс“ ја смести во топ 10 највлијателни жени во светот.

Таа зборуваше и за Путин и рече дека за неа тој повеќе не постои и дека не е човек.

„За мене тој не постои, тој не е човек. Тој е грозен човек. Особено нему не сакам да му се обратам“, рече пејачката.

Пред неколку години таа рече и дека ако Русија интервенирала на нивната територија, тие ќе мораат да одговорат. Сега го предупреди целиот светот дека Путин нема намера да запре само на Украина.

„Ако освои која било територија, тој нема да запре таму. Има грозен план. Загрижена сум за балтичките земји. Загрижена сум за Полска. Исто така мислам дека цела Европа е во опасност. Тоа е проблем“, рече Руслана.

Извор: 24часа.хр

Scroll to Top