Сослушувањето за старателството над 38 годишната пејачка Бритни Спирс е саботирано од страна на непознати лица, кои упаднале на онлајн судењето на „Зум“ апликацијата и не сакале да ја напуштат дигиталната судница, иако судијата им наредил да излезат од разговорот.
Сослушувањето е одложено за следниот месец. Судијата бил фрустриран поради ситуацијата и целата процеруда е одложена. На сослушувањето требало двете страни да ги изнесат новите детали од случајот.
Бритни е незадоволна од сето тоа што се случува, а извори блиски до неа откриле дека не се направени никкви законски обиди од нејзина страна, за да состојбата се промени.
Таткото на Бритни, Џејми Спирс веќе 12 години има старателство над пејачката. Тој одговара за неа уште од 2007 година, кога таа доживеа нервен слом и кога си ја ишиша косата.
Бритни требала да се појави на дигиталното сослушување, но не била присутна, додале изворите. За разлика од неа, нејзиниот татко Џејми и мајка Лин, биле присутни.
Џејми побарал од судијата целиот процес биде заклучен за јавноста. Ваквото барање му било исполнето уште на 12. март, кога изби пандемијата со коронавирусот.
Членови на движењето #FreeBritney, кое има за цел да ја ослободи пејачката татко ѝ, се собраа во знак на поддршка на Бритни. Тие на лицата носеле маски со знак „ослободете ја Бритни“, како и со разни транспаренти за поддршка.