Сајмон Ле Бон обвинет за сексуално вознемирување

Пејачот на „Дуран дуран“, Сајмон Ле Бон, е обвинет за сексуално вознемирување. Неговата наводна жртва, Шерон Харири тврди дека Ле Бон ја допрел за гениталиите во 1995 година додека давал автограми на фановите во продавница за плочи.

Таа за смериканските медиуми рекла дека нема да поднесе тужба против фронтменот на култниот бенд од 1980те, ниту бара материјална отштета од него, туку дека сака пејачот да го признае стореното дело.

Ле Бон ги негира обвинувањата на Харири.

Scroll to Top