Салма Хајек, никогаш поубава во елегантно издание, ги воодушеви обожавателите, но доби и критики

Салма Хајек е сигурно една од најубавите актерки на денешницата, а сега ги почести своите фанови со малку необично издание.

Имено, Салма на својот Инстаграм профил објави видео кое е составено од фотографии на кои позира во бел, елегантен костум.

Видеото брзо собра речиси 100.000 прегледи, а актерката заработи бројни комплименти за својот изглед.

Сепак, еден коментар им пречеше на нејзините верни обожаватели.

„Беше толку убава пред 20 години“, гласеше коментарот кој ги налути фановите на Салма.

„И денес е убава“, „Денес е уште поубава“, „Тоа ги навредува жените“, „Салма никогаш не била поубава“, се само дел од одговорите на споменатиот коментар.

Салма често беше на удар на критики поради тоа што се облекува „вулгарно и евтино“, а сега покажа дека е една од најатрактивните холивудски актерки во елегантно издание.

Scroll to Top