Саманта Маркл јавно ѝ порача на својата полусестра, војвотката од Сасекс, Меган Маркл, дека е време да се смири со нивниот татко Томас Маркл затоа што не му останало премногу време поради опасната болест.
Саманта вели дека време е Меган и Томас да ги закопаат секирите за добросостојба на целото семејство.
„Божиќ е време на простување и дарување. Дај му малку среќа во последните години од неговиот живот. Идната година можеби повеќе нема да биде тука. Би била огромна штета никогаш да не се смирите. Во животот нема гаранции за ништо. Можеби следната недела ќе биде предоцна“, ѝ порачала Саманта на Меган.
За проблемите што Меган ги има со своето семејство јавноста е запозната од поодамна. Томас во пресрет на венчавката меѓу Меган и Хари на папараците им продаде стари фотографии од неговата ќерка. Подоцна го откажа своето присуство на венчавката поради наводна болест.
Неколку месеци подоцна во повеќе наврати со своите потези успеа да ја изнервира Меган, но и целото кралско семејство. Познавачите на семејството Маркл и кралското семејство велат дека од тогаш Меган не сака да се слушне ниту види со него.