Саманта ја тужи Меган за лагите што ги кажала кај Опра

Саманта Маркл ја тужи својата полусестра Меган за клевета, пренесе „ТМЗ“. Таа ја тужи поради лагите и клеветите што ги кажала во интервјуто кај Опра Винфри, кое Меган и Хари го направија минатата година.

dobivaj vesti na viber

Саманта тврди дека Меган лажела дека таа и нејзиното семејство израснале во сиромаштија. Тврди и дека нивниот татко Томас Маркл ѝ платил на Меган да оди во скапи, елитни и приватни школи. Саманта вели дека Томас ѝ ја платил школарината за Универзитетот Нортвестерн.

Меган, пак, кај Опра рече дека самата си го платила факултетот. Таа, наводно, ја обвинила Меган и дека негативно влијаела на продажбата на нејзината автобиографија и дека ја спречила да се вработи, а и предизвикала и емоционални и ментални проблеми.

Сега од неа бара отштета од 75.000 долари.

„Оваа неоснована и апсурдна тужба е само продолжение на моделот на вознемирувачко однесување. Ќе ѝ посветиме минимално внимание, онолку колку што и заслужува“, рече за TMZ адвокатот на Меган, Мајкл Кумп.

Scroll to Top