Саманта нема дете поради ангажманот во серијата „Сексот и градот“

Серијата „Сексот и градот“ на актерката Ким Катрал ѝ донесе големи милиони и огромна популарност, но постои една работа што Саманта не успеа да ја оствари.

Ким Катрал (61) се прослави во серијата „Сексот и градот“, во која ја глумеше шармантната и по малку будалеста Саманта. Ким смета дека поради оваа серија не можела да се оствари во улогата на мајка.

Таа морала максимално да се посвети на снимањето и не смеела да се осмели на тој чекор да забремени. Но, да се потсетиме, кога почна да работи на серијата, актерката веќе имаше повеќе од 40 години.

Улогата во оваа серија ѝ донесе милиони и огромна слава, но предолгото работно време не ѝ дозволи да се посвети на другите работи.

„Шансите да останам трудна беа сѐ помали, а големиот број обврски само ја влоши ситуацијата. Размислував и за вештачко оплодување, но поради обврските, не можев до крај да се посветам на тоа. Тогаш првпат помислив дека нема да имам дете“, изјави таа.

Ким откри дека со колешките од серијата не се дружела приватно и дека се среќавале само на снимањето.

„Бевме колешки, но не и пријателки. Тоа на некој начин е здрав однос затоа што го одвоивме приватното од работата. Тие се десет години помлади од мене, сите имаат деца и не се гледавме“, изјави Ким.

Scroll to Top