Саманта се враќа во „Скекост и градот“

Ким Катрал ќе ја повтори својата иконска улога на Саманта Џонс во финалето на втората сезона на серијата „ And just like that“. Таа ќе се појави само во една сцена. Според изворите, Ким ја снимила својата сцена на 22 март во Њујорк без да ги види или да разговара со другите ѕвезди од серијата, вклучувајќи ги Сара Џесика Паркер и Мајкл Патрик Кинг.

Во секој случај, во таа сцена Саманта, која во серијата се преселила во Лондон, ќе има телефонски разговор со Кери Бредшо. Во првата сезона на „И баш така“, Кери се допишувала со Саманта, а во финалето тие двете направија план да се видат за да се помират.

Сето ова не значи дека Саманта целосно се враќа на овој проект. Сепак, враќањето на Саманта во која било форма сигурно ќе ги израдува фановите на серијата „Сексот и градот“, кои со години во неа го гледаат најнезаборавниот лик.

Scroll to Top