Само ако си Роџер Федерер, роденденот ќе ти го организира уредничката на „Вог“

Никој не прави роденденски забави како џет-сетерите. Причина? Огромниот број славни пријатели!

Последната во низата роденденски забави за паметење беше онаа на Роџер Федерер, кој неодамна наполни 36 години. Неговата роденденска забава ја организира уредничката на „Вог“, Ана Винтур.

Освен неа, на забавата што се одржа во францускиот ресторан „Огустин“ во Њујорк присуствуваа и модните дизајнери Ралф Лорен, Вера Ванг, актерите Хју Џекман, Џон Хам, режисерот Баз Лурман и други.

„Не е тајна дека Роџер се појавува во „Вог“ исто толку често колку и манекенката Карли Клос. И го заслужува тоа“, истакна Винтур, која признава дека е меѓу најголемите фанови на популарниот тенисер.

Scroll to Top