Само принцовите и Кејт и одадаоа почит на Дијана

Велика Британија денес одбележува 20 години од трагичната смрт на принцезата Дијана во сообраќајна несреќа во Париз 1997 година.

Нејзини почитувачи и обожаватели утринава положија цвеќе, оставија фотографии и лични пораки пред капијата на Кенсингтонската палата.

„Членовите на британското кралско семејство, вклучувајќи ја и кралицата Елизабета Втора, не планираат да учествуваат во каков било јавен комеморативен настан за одбележување на годишнината од смртта на принцезата“, изјави претставник на Бакингемската палата.

Сепак, принцовите Вилијам и Хари вчера ја посетија Белата градина, меморијален центар посветен на мајка им, принцезата Дијана. Во прошетката низ Белата градина им се приклучила војвотката од Кембриџ, како и претставници на хуманитарните организации со кои таа соработуваше и ги поддржуваше.

 

 

 

Scroll to Top