Сандра Булок и Ријана во „Осумте на Оушн“

По долга пауза, продолжува криминалистичката сага под заедничкото име „Оушн“. По трилогијата, односно единаесетте, дванаесетте и тринаесетте, четвртото продолжение е поврзан со бројката 8.

„Осумте на Оушн“ е продолжение од трилогијата за најголемите криминалистички умови. Откако во првите три филма можевме да ги гледаме Џорџ Клуни и Мет Дејмон, сега дојде време жените да ја преземат иницијативата.

Сандра Булок, која ја глуми сестрата на господин Оушн, односно Клуни, потоа Ријана, Кејт Бланшет и другите убавици, се наоѓаат во новата екипа на филмското остварување и го посакуваат пленот на Ен Хетвеј.

Ова продолжение е режирано и напишано од Гери Рос, а продуценти се Џорџ Клуни и Стивен Содерберг.

Сандра Булок го глуми Деби Оушн, отуѓената сестра на ликот на Клуни, Дени Оушн, од култниот филм „Оушн 11“, ќе се обиде да го изведе речиси невозможниот грабеж во Њујорк на годишниот бал на Мет Гала. Нејзината прва задача е да ја собере совршената екипа на професионални крадци: Лу, Роуз, Дафне, Девет Лопти, Тами, Амити и Констанца. Планот е веќе направен, само треба да се спроведе.