Актерката Сандра Булок вели дека има оригинално решение како да се избере новиот водител на Оскарите, откако нејзиниот колега Кевин Харт се повлече од оваа улога.
Булок која е добитничка на Оскар, предлага за време на церемонијата од публиката бидат изберени актери кои потоа од идиотот би го читале текстот кој покрива одреден сегмент од доделувањето на Оскарите.
Сандра Булок смета дека организаторите не мораат многу да им објаснуваат што треба да прават, туку само да се најдат пред идиотот и да им кажат „сега вие сте на ред, вие сте актер, снајдете се“.
Булок изјавила дека ваквото решение би можело да го изведе секој од присутните на доделувањето на наградите. Сандра Булок ваквата идеја ја предложила ѝ на своите колеги, кои со неа играат во нејзиниот најнов филм Bird Box. Актерката добила голема поддршка од нив.
Актерот БД Вонг изјавил дека ако некој можело да ја предложи ваквата идеја, тогаш тоа е Сандра.
„Таа има добри идеи на оваа тема. Како прво, таа на секоја журка е во центарот на внимание“, изјавил Вонг, додавајќи дека Булок е вистинската личност за оваа манифестација.
Доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 24 февруари 2019 година.