Сандра Булок се повлекува од глумата: Изморена сум

Актерката Сандра Булок се повлекува од актерството, рече дека е изморена и сака да прави работи во кои ќе ужива. Таа во интервју за „Холивуд репортер“ зборуваше за своето повлекување.

„Целосно изгорев. Толку сум уморна што не можам да носам здрави, паметни одлуки и свесна сум за тоа“, изјавила актерката.

Таа рече дека ужива во идејата да креира свој распоред и дека сака тоа да го прави исклучиво за себе.

Актерката Санда Булок во својата 30-годишна кариера има снимено 50-филма. Вели дека за досегашниот успех е благодарна, но дека отсекогаш била загрижена за неговото влијание врз нејзиниот приватен живот.

„Секогаш работев, па имав среќа. И сфатив дека работата ми стана патерица.Тоа беше како постојано да го отворам фрижидерот и да барам нешто што никогаш не е во него. Си реков: ‘Престани да бараш затоа што не треба да се докажуваш повеќе. Треба да бидеш добра и без работата што ти треба како потврда за успехот’“, изјавила актерката.

На прашањето кога ќе му се врати на актерството, таа едноставно одговорила: „Не знам“.

Scroll to Top