Сара Џесика Паркер била навредувана за изгледот кога се појавила во Сексот и градот: „Пукнав во солзи“

Актерката Сара Џесика Паркер призна дека не била подготвена за јавни коментари за нејзиниот физички изглед кога се прикажуваше премиерата на Сексот и градот во 1998 година.

„Во некои моменти беше навистина непријатно бидејќи луѓето имаа мислење и тоа не беше за мојата работа“, изјави актерката (60) за поткастот на Алекс Купер.

Паркер додала дека понекогаш ја фрустрирало тоа што гледачите погрешно го толкуваат нејзиниот лик Кери Бредшо, но таа истакна дека најмногу ја погодувале личните работи.

„Во тоа време, мислев дека сум прилично самоуверена личност“, рече таа, објаснувајќи како довербата е предизвикана и тестирана во такви ситуации.

„Тоа е како некој да ве откорнува целосно“. И покрај сè, Паркер рече: „Знам дека и вие го знаете ова – ваквите искуства нè обликуваат и не прават посилни, но не сите знаеме како да се справиме со тоа веднаш“.

Запрашана дали може да именува некои од поострите коментари што ги слушнала, Паркер рече: „Мислам дека тоа беа коментари за мојот физички изглед. Работи што не можев да ги променам, не би ги променила и никогаш не размислував за тоа.

Актерката која е во брак со актерот Метју Бродерик од 1997 година, исто така се присети на еден особено болен момент кога „едно списание напишало нешто многу злобно“ за нејзиниот изглед.

„Како да ме удираа онаму каде што најмногу ме боли“, признала таа. „Помислив: „Зошто е тоа проблем? Зошто вреди да одвоите време и зошто уживате во тоа?“

Паркер признала дека забелешката – која не сакала да ја повтори – ја погодила толку силно што „пукнала во солзи затоа што изгледало како да е кажана намерно, со намера да повреди“. Таа верува дека тоа било „единствениот пат кога навистина плачела поради негативните коментари за нејзиниот изглед“.

Scroll to Top