Поранешната вработена на Сара Џесика Паркер, Хедер Холт, тврди во тужбата која ја поднела кај Врховниот суд во Њујорк дека нејзината поранешна шефица не и исплатила прекувремени часови од 31 декември 2018 година, па се до 1 март 2020 година.
„На тужителот не му се адекватно искомпензирани прекувремените часови кои ги има изработено над оние 40 часа во работната недела“, пишува во тужбата каде не е спомнато за колкав паричен износ станува збор.
Хедер Холт од Сара бара дополнителна плата, како и камати и парична казна.
„Сите во Њујорк заслужуваат да бидат платени за времето кое го изработиле. Кршењето на законот за плата е сериозно и секој работодавец кој ќе го прекрши истото треба да биде одговорен, дури и познатите личности како неа“, изјавил адвокатот на Хедер.
Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, во Њујорк има две продавници, како и по една во Лас Вегас, Мериленд, Дубаи, Абу Даби и Канада.