Сара Џесика Паркер како Кери на ревијата во Верона

Сара Џесика Паркер од првиот ред ја следеше ревијата на „Интимисими“ во Верона, Италија.

53-годишната ѕвезда од „Сексот и градот“ изгледаше модерно во тиркизно здолниште и бел горен дел од тантела. Својот изглед познатата актерка го надополни со бели сандали.

На црниот тепих таа се сретна со популарната модна блогерка Кијара Ферањи.

За вечерната забава, Сара се пресоблече во слична комбинација и повторно ги одушеви своите фанови со модниот избор затоа што, пишуваат медиумите, и во двете комбинации потсетувала на Кери од популарната серија.

Scroll to Top