Сара Џесика Паркер стана продавачка

Актерката Сара Џесика Паркер неодамна отвори сопствена продавница за чевли во Њујорк. Чевлите се нејзин дизајн.

„Можеби не го познавам мажите, ама за чевлите знам сè“, е една од најпознатите изјави на Кери Бредшо, ликот што го глумеше актерката во серијата „Сексот и градот“. 52-годишната Сара одамна признала дека чевлите се нејзината најголема слабост, па оттаму желбата за сопствена продавница со чевли.

Сара дизајнира чевли одамна и тие се продаваат во големите стоковни куќи во Америка, но и во нејзините две продавници во Лас Вегас. На Денот на благодарноста СЏП ја отвори своја прва продавница во Њујорк, која се наоѓа на Петтата авенија и 52. улица.

Чевлите со потписот на СЏП чинат од 250 долари нагоре, се произведуваат во Италија, а секој модел има препознатлива лента на потпетицата, асоцијација на лентите за коса што ги носела актерката како дете.

 

Сара била присутна на отворањето на продавницата, им делела совети на жените што дошле да купат чевли кај неа, им помагала во изборот, наплаќала на каса, а на крајот се сликала со секоја жена што купила чевли кај неа. Таа ќе биде продавачка во својата продавница до 4 декември со цел да го промовира сопствениот бренд.

Scroll to Top