Сара Фергусон проговори за Кејт: „Како некој кој исто така се бори со ракот…“

Сара Фергусон, војвотката од Јорк и поранешна сопруга на принцот Ендру, јавно испрати порака за поддршка на Кејт Мидлтон, која минатата недела објави дека има рак.

„Моите мисли и молитви се со принцезата од Велс додека го започнува своето лекување. Знам дека ќе биде опкружена со љубовта на нејзиното семејство и сите се молат за најдобар исход. Како некој кој се справува со сопствената битка со ракот, во последниве месеци, воодушевена сум од начинот на кој јавно зборуваше за нејзината дијагноза“, напиша Сара во објавата на Инстаграм.

На крајот, таа додаде дека се надева дека Кејт сега ќе добие „време, простор и приватност“ за заздравување.

За потсетување, Сара е, заедно со Кејт и кралот Чарлс, третиот член на кралското семејство кој моментално се бори со ракот. Во средината на јануари таа објави дека и е дијагностициран рак на кожата. Дерматолозите ја извадиле бенката од нејзиното тело и ја испратиле на тестирање, кое покажало дека војвотката има малигнен меланом, најмалигниот тумор на кожата.

„Откако ѝ беше дијагностициран рак на дојка во рана фаза ова лето, на Сара, војвотката од Јорк, сега и беше дијагностициран малигнен меланом. Нејзиниот дерматолог побара да се отстранат и анализираат неколку бенки истовремено кога војвотката беше подложена на реконструктивна операција по мастектомија, а една од нив е идентификувана како канцерогена“, изјави портпаролот на војвотката од Јорк за странските медиуми. Пред тоа, Сара се бореше со рак на дојка.

Scroll to Top