„Се чувствував понижено покрај неа“, Бен Афлек проговори за врската со Џенифер Лопез

Поранешните партнери на Џенифер Лопез, пејачот Марк Ентони и актерот Бен Афлек, проговорија за периодот додека беа заедно со латино-ѕвездата.

Лопез е позната по бројните пропаднати врски во животот. Двајцата нејзини поранешни партнери се јавија по повод 30-те години кои таа ги помина на сцената.

„Работата со Лопез е нејзината способност да види и да ги разбира работите пред да се случат. Пред да изнесе некаква идеја, таа ја визуализираше илјадници пати. А, ако некој ѝ каже дека тоа можеби не е најдобра идеја, таа ќе му каже дека едноставно тој не ја има видено сè уште. Таа е првата која доаѓа и последна која си оди. Најтежок работник кој некогаш го запознав“, изјавил Ентони, кој беше во брак со Лопез од 2004 до 2014 година и со која ги има 13-годишните близнаци Ема и Макс.

Пред Ентони, Лопез се забавуваше со холивудскиот актер Бен Афлек. Тие почнаа да излегуваат во 2002 година. Двајцата постојано се наоѓаа на насловните страници на таблоидите, поради што многумина почнаа да ги викаат „Бенифер“.

„Мислам дека имам добра работна етика, но бев понижен и воодушевен од начинот на кој таа работеше секој ден. Сериозноста со која влегуваше во секоја работа, тивкиот и предан начин и постигнувањето на целите“, изјавил Афлек.

„Лопез до денес е најработливата личност на која сум наишол во оваа работа. Има фантастичен талент, но многу работеше на својот успех. Толку сум среќен заради неа“, додал Афлек.

Афлек, кој и понатаму е во добри односи со поранешната свршеница, изјавил дека таа и понатаму изгледа фантастично и вели дека годините не ѝ можат ништо.

„Како да не старее. Изгледа исто како од пред 20 години кога излегувавме. Не знам кој ѝ е изворот на младоста. Зошто изгледа исто како и во 2003 година?“, изјавил Афлек.

 

Scroll to Top