Се допишувал со Бритни Спирс, а ја изневерил Кејт со нејзина најдобра пријателка: тајните на принцот Вилијам

Тајни за минатото на омилениот принц Вилијам, објавија британските медиуми. Иако пишуваат за времиња кои се минато, факт е дека медиумите и јавноста некогаш биле многу заинтересирани за врската на принцот Вилијам со американската поп пејачка Бритни Спирс.

Во тоа време, да потсетиме, сè се базираше на гласини кои никој не сакаше да ги поткрепи со докази, а се покажа дека медиумите сепак не се далеку од вистината. Бритни подоцна проговори за врската со британскиот принц.

„Извесно време се допишувавме по е-пошта, и решивме да се видиме. Требаше да дојде да ме посети, но никогаш не се појави. Едноставно не ни успеа“, изјавила Бритни, признавајќи како добила корпата на вечера која требало да биде состанок.

Бритни изјавила дека никогаш не дознала зошто Вилијам не се појавил таа вечер, и сфатила дека тој е прилично зафатен човек, па не и било чудно. Така, кога сфатила дека навистина не може да очекува премногу од врската во странство, почнала да бара нова љубов. Ја пронашла во прегратките на Џастин Тимберлејк.

Гласините за нова афера на Вилијам се појавија во 2019 година, дека сопругата ја изневерува со нејзината најдобра пријателка, Роуз Ханбери.

Гласините започнаа откако се дозна дека пријателките имале жестока расправија, а Кејт и забранила на Роуз да се појавува во кругот на кралското семејство.

Според анонимни извори, кога Кејт дознала дека Вилијам ја изневерува, тој и се насмеал во лице и рекол дека целата работа нема врска со вистината. Тие беа фотографирани заедно за прв пат во 2019 година на забава, по што се појавија гласини дека принцот и бил неверен на својата сопруга за време на нејзината трета бременост. Сето тоа предизвика бурни реакции во палатата и Кејт побара од Вилијам да ја отстрани од кругот на блиски пријатели.

Роуз е стар познаник на британското кралско семејство, кој во 2009 година се омажи за седмиот маркиз од Чолмондели, Дејвид Роксавиџ, кој е 23 години постар од неа. Нивната венчавка се одржа само два дена откако таа објави дека чекаат близнаци и се било направено со брзање. По десет години брак и три заеднички деца, Роуз и Дејвид се разведоа во 2019 година, токму кога почнаа гласините за нејзината врска со принцот Вилијам.

Иако се чини дека сега имаат совршен брак, работите не отсекогаш течеле лесно за нив. Двојката се соочи со првата криза уште пред официјално да се земат. Откако биле заедно пет години, принцот ја напуштил Кејт бидејќи чувствувал голем притисок да се ожени, за што тогаш не бил подготвен. Наводно, тој сепак сакал да се забавува со други девојки, но Кејт не била подготвена да го загуби, па за време на раскинувањето се обидела да му покаже дека му недостига со тоа што одела на места каде знаела дека ќе го сретне.

Тактиката успеала и парот се смирил во јуни истата година, по што решиле извесно време да се држат настрана од јавноста и отпатувале на Сејшелите. Таму конечно успеале да се договорат како и кога ќе се венчаат. На нејзин предлог, тие склучија таканаречен предбрачен договор, според кој одлучија да се венчаат откако Вилијам ќе ја заврши својата воена обука и сите должности во морнарицата и воздухопловните сили.

Scroll to Top