„Се надевам дека е во рајот и игра голф“ – Харисон Форд се прости од неговиот филмски татко Шон Конери

Aмериканскиот актер Харисон Форд се прости од неговиот колега и филмски татко Шон Конери, кој почина викендов на 90-годишна возраст. Популарните актери глумеа заедно во филмот на Стивен Спилберг, „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“. Во филмот Конери го толкуваше таткото на Индијана Џонс, што го глумеше Форд.

„Боже, колку многу се забавувавме. Ако Шон е сега во рајот, се надевам дека таму имаат терени за голф и тој ужива. Почивај во мир, драг пријателе“, рекол Форд во интервју за „Варајети“.

Форд во интервјуто се потсети и на снимањето на филмот, па рече дека било вистинско задоволство да се вози со Конери во „руската приколка за мотоцикли што отскокнувала на нерамната, крива планинска патека“.

Пред Форд, и други познати актери се простија од првиот Џејмс Бонд, а меѓу нив беа и Роберт де Ниро, Кевин Костнер, Мајкл Кејн, Даниел Крег, Пирс Броснан и многу други.

Scroll to Top