Се надевам дека Вил и Рок ќе се смират, рече Џејда Пинкет Смит по шлаканицата на Оскарите

Џејда Пинкет Смит во новата епизода од своето ток-шоу конечно проговори за инцидентот што се случи на овогодинешното доделување на Оскарите, кога нејзиниот сопруг, актерот Вил Смит, му удри шлаканица на колегата Крис Рок поради шега на сметка за нејзината фризура.

Речиси три месеци од доделувањето на Оскарите, се уште се зборува за преседанот што се случи кога Вил Смит му удри шлаканица на колегата. За овој момент во најновата епизода на „Red Table Talk“ коментираше и неговата сопруга Џејд Пинкет Смит.

„Искрено се надевам дека овие двајца интелигентни и способни мажи ќе имаат можност да се опорават од се, да разговараат и да се помират. Со оглед на состојбата на светот денес, ни требаат и двајцата, а всушност сите си требаме еден на друг повеќе од кога било“, рече таа.

„До тогаш, Вил и јас продолжуваме да го правиме она што го правевме во последните 28 години – а тоа е да продолжиме да го разбираме и прифаќаме ова нешто што се нарекува заеднички живот. Ви благодариме што слушавте“, кажа Џејда.




		
		
			
Scroll to Top